03:00 - 8 ноември, 2026

Мелина Џиновиќ и богатиот Англичанец ќе прават свадба од милион долари на брод: Ова се деталите

Мелина Џиновиќ, која се разведе од Харис Џиновиќ минатата година, се сврши во саботата со успешен бизнисмен (69), со кого модната дизајнерка живее во Монако веќе некое време.

Богатиот Англичанец подготвува сè за свадбата, која наводно ќе биде на неговиот нов брод, открил извор близок до двојката за локалните медиуми.

– Тој веќе има брод долг дури 48 метри, кој го купил во 2013 година. Целото лето го поминале на него, но тој решил да го стави на продажба. Решил да купи уште поголем брод на кој ќе направи свадба во Монако. Ако сè оди како што планирале, свадбата ќе биде на брод што ќе плови постојано – вели изворот и додава:

– Тоа ќе биде свадба од милион долари што ќе се прераскажува. Тој испланирал сè до најмалиот детаљ за тој ден, и сè уште се договараат за сите детали.

Да ве потсетиме дека еден од првите соседи на Мелина во Монако претходно откри за локалните медиуми дека креаторката и богатиот бизнисмен живеат во неговиот луксузен стан.

– Овој стан каде што сега е Мелина не е нејзин, туку е во сопственост на нејзиното момче. Тој го има неколку години. Тој е познат на пошироката јавност во Србија, но јас не би зборувала за тоа. Вистина е дека е милионер, а е речиси 20 години постар од Мелина. Жената дефинитивно сака постари мажи, тоа е нејзин фетиш. Тој е многу приврзан кон неа и се обидува да ѝ угоди во сè. Тие се многу дискретни, ретко излегуваат заедно. Нивниот стан е еден од најубавите во зградата, имаат фантастичен поглед на главниот булевар и морето. Мажот е многу галантен, преку своите врски ѝ договорил да отвори бутик, каде што ги продава своите фустани – изјавил сосед за српски „Курир“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....