5.8 C
Скопје
08:12 - 27 октомври, 2026

Меган Маркл има нов прекар и тоа од соседите: Звучи убаво, ама значењето е негативно

Меган Маркл живее во Монтесито (Калифорнија) со Хари и нивните деца. Таа сака луксуз и удобност, а тоа веќе добро го знаат и жителите на Монтесито кои ѝ дадоа посебен прекар. 

Мегзит означи точка од која нема враќање во историјата на британското кралско семејство. Заминувањето на принцот Хари од кралската сцена сериозно ги загрози односите со другите членови на семејството, но тој, добро свесен дека ќе наиде на нивно неодобрување, ја избра љубовта. Војводата од Сасекс пред две години со сопругата Меган Маркл и малиот Арчи се пресели во Калифорнија, во Монтесито, збогувајќи се со обврските, но и со привилегиите на својата улога на принц. Сега неговиот живот е многу поинаков: без бонтон, без формалности, многу порелаксирано од животот во Бакингемската палата. Но поранешната актерка никогаш не била навистина прифатена покрај Хари, никогаш не била омилена или некогаш уживала вистинска почит и љубов од кралското семејство. Меѓу дугото тоа се должи и на нејзиниот специфичен карактер кој не остана незабележан ниту од граѓаните на Монтесито, кои ѝ дадоа прекар.

Воопшто не е мистерија дека војвотката од Сасекс сака луксуз. И не случајно мештаните ја нарекоа „принцезата од Монтесито“ бидејќи постојано ја гледаат како влегува во својот дом со кеси полни со скапа облека, накит, а и секогаш ги одбира најлускузните ресторани кога станува збор за ручек или вечера, избирајќи ги и најдобрите гурмански кујни и најдобрите готвачи, пренесува „Клозер“.

Но иако новиот прекар на Меган звучи убаво – принцезата од Монтесито, тој не е измислен во позитивна конотација, туку напротив.

Имено и самите богати соседи на Меган и Хари веќе забележале дека несудената принцеза сепак, сака да го задржи истиот однос кон сограѓаните каков што имала кон своите слуги и поданици во кралската палата.

Не е познато дали таа го одбира друштвото или тоа неа, ама секако дека освен со сосетката Опра, „принцезата од Монтесито“ нема изградено позитивни релации со соседите.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....