17.8 C
Скопје
18:53 - 18 октомври, 2026

Марија Шерифовиќ за својата сексуалност: „Потребна е голема храброст и лудост“, а „многу луѓе живеат лажни животи“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“ во која се осврна и малку зборуваше за својата сексуална определба.

Во 2013 година во филмот „Исповед“ кој се прикажуваше во Сава центарот во Белград, таа откри дека е хомосексуалка.

-Јас тогаш го направив тоа, дури реков дека повеќе нема да зборувам за тоа, но еве накратко ќе ви одговорам. Тоа беше итна потреба. Денес, не знам дали би го направила тоа, не затоа што се каам, не, ниту за секунда, но не знам дали би го направила тоа на овој или оној начин, но тоа тогаш беше направено затоа што почувствував потреба. Јас сум родена да бидам јас, не сум родена да бидам нешто што некој друг сака, мисли, замислува, фантазира – рече Шерифовиќ.

Таа додаде дека на оние на кои тоа не им се допаѓа може да го сменат каналот и да се посветат на други јавни личности.

– Не сум сигурна дека ова на некој друг би му успеало, луѓето изгледа тоа и го препознаа. Некои луѓе можат да лажат некое време, но не засекогаш. За такви работи е потребна многу храброст и лудост – додаде таа.

Таа, исто така, откри дека многу луѓе во нејзината индустрија живеат целосно лажни животи. Сепак, таа нема лошо мислење за нив.

– Можеби се плашат од осуда, од загрозување на кариерата, од што и да е. Нема да навлегуваме во тоа, тоа е нивна работа – заклучи пејачката.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....