19:55 - 27 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ призна дека нејзиниот син е толку залепен за неа, што не може да оди ниту во тоалет

Марија Шерифовиќ денес го промовираше новиот албум посветен на најмладите.

Како што истакна, желбата да направи албум со детски песни ја имала отсекогаш, а особено во последните две години и четири месеци, односно откако стана мајка.

Марија откри и по што нејзините композиции се разликуваат од веќе постоечките детски песни:

„Слушав секакви песни, она што е наменето за бебиња и мали деца, а ние сакаме да направиме нешто што е пријатно за нивното уво, а анимациите да не бидат премногу атрактивни, шарени или слично. Прилагодено за нив, да не биде премногу стимулирачко“, објасни пејачката.

„Ова е направено за сите деца, и мислам дека ќе им влезе во срцата на малите, а на мајките ќе им биде полесно. Да живеат живот, да одат брзо под туш, да испијат кафе или што и да е, додека тие ги слушаат овие шест песни“, додаде Марија.

„Јас тоа го немам. Марио има проблем да се одвои и за секунда од мене, така што јас сум со него и во тоалет. Но верувам дека така е со сите мајки“, објасни таа.

Како што нагласи, преку работата на детските песни сфатила дека возрасните можат многу да научат од децата, а откри и што нејзиниот син Марио ја научил:

„Брзина на адаптација на ситуацијата“, рече таа за Grand.nova.rs.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....