00:32 - 28 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ го даде својот „суд“ за Јаков Јозиновиќ: „Драго ми е што…“

Пејачот Јаков Јозиновиќ за кратко време прерасна во вистинска регионална сензација. Дваесетгодишникот од Винковци се прослави со обработки на поп-рок класици, најпрво на социјалните мрежи, а потоа и на живи настапи – и тоа иако има само една авторска песна.

Публиката го засака преку спонтаните улични изведби на градските плоштади, каде што ги пееше „Оливера“, „Цесарица“, „Јужњаци“ и други безвременски хитови од репертоарот на Здравко Чолиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Оливер Драгојевиќ и бројни други изведувачи. Успехот што го постигна „преку ноќ“ ја подели естрадата – едни го критикуваа, други го пофалија – а сега својот став го кажа и Марија Шерифовиќ.

На прашањето што мисли за феноменот Јаков Јозиновиќ, таа прво кратко одговори, а потоа го појасни својот став.

„Всушност, имам само едно мислење. Ми е драго што младите, кои очигледно немаат свој идол, го пронајдоа во некој што пее музика на нас изведувачите од 40, 50, 60 и повеќе години – музика што ја постави темелот. Ми е драго што младите го избраа тоа, а не некои други, лоши примери“, истакна Шерифовиќ.

Еуфоријата околу Јозиновиќ не стивнува. По серијата распродадени настапи, младиот пејач неодамна најави и петти концерт во Сава центар. Паралелно, тој интензивно работи и на нови авторски песни, кои, како што најави, премиерно ќе ги изведе токму пред белградската публика.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....