01:48 - 4 ноември, 2026

Македонскиот пејач доби чест што ја добиваат ретки: Васил Гарванлиев настапи во чест на „Битлси“

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев беше дел од специјалната програма на американската радио-платформа „Сириус Икс-Ем“, организирана по повод „Глобалниот ден на Битлси“, каде што ја изведе новата верзија на безвременскиот хит „All You Need Is Love“.

Гарванлиев настапи заедно со американската пејачка Голда Захра во студиото на „Сириус Икс-Ем“ во Лос Анџелес, а изведбата беше емитувана на каналот „The Beatles Channel“, посветен на легендарниот британски состав. По настапот, двајцата гости разговараа со музичкиот историчар Крис Картер и продуцентот Стивен Меркурио, кој ја потпишува новата обработка на песната.

Од „Сириус Икс-Ем“ на социјалните мрежи го најавија настапот со зборовите:
„All you need is love! Придружете ни се во славењето на бендот што продолжува да шири мир и љубов низ целиот свет.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SiriusXM (@siriusxm)

Ова е уште едно меѓународно признание за македонскиот пејач, кој зад себе има успешна кариера како оперски и поп-изведувач. Покрај тоа што ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2021 година, тој настапувал на бројни светски сцени и соработувал со познати музички имиња.

„Глобалниот ден на Битлси“ се одбележува секоја година на 25 јуни во чест на историската изведба на „All You Need Is Love“ во емисијата „Our World“ на Би-би-си во 1967 година. Настапот тогаш го следеле околу 400 милиони гледачи во повеќе од 20 земји, а денот е востановен во 2009 година како признание за музичкото и културното наследство на „Битлси“ и нивните пораки за мир, љубов и заедништво.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....