18:57 - 23 септември, 2026

Татко ми е мојот херој: Синот на Перо Камиказа раскажа важна приказна за познатиот музичар

Познатиот македонски музичар Петар Георгиевски, во јавноста познат како Перо Камиказа, на својот Фејсбук профил сподели емотивна приказна за со својот син.

Георгиевски со гордост ја покажа силната семејна врска и пораката која неговиот син ја упатил лично до него.

Перо Камиказа напиша дека неговиот син е една од важните причини за неговото битисување и изрази благодарност до Бога за убавините на животот. Тој ја цитираше изјава на својот син, во која се набројани клучните животни лекции кои ги научил од својот татко.

„Татко ми е мојот ХЕРОЈ! Горд сум на него! Благодарен сум за значајните животни лекции што постојано ми ги даваш: Животот е место полно со можности и од нас зависи дали ќе ги примениме или не. Без оглед на тоа што работите и колкава е вашата плата, секогаш дадете сè од себе, бидејќи така по пат ќе учиме и ќе се развиваме! Парите не се сè во животот, здравјето и семејството треба да останат приоритет. Останете позитивни во лошите времиња, и сонцето повторно ќе ве огрее“, напишал синот на Перо Камиказа.

Музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа во јануари објави тажна вест, дека починала неговата мајка.

Тој во емотивна објава на својот профил на Фејсбук се збогуваше со својата мајка.

„Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми. Мислам дека оваа слика е најсоодветна за нашата шест и пол децениска љубов. Од раѓaњeто до денес, беше мојата најголема поткрепа во сѐ… До последно чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине. Почивај во мир мој ангелу. Конечно со тато и дада ќе си кажувате разни догодовштини. Ги истажи и исплача и двајцата до последниот здив. Таму меѓу ангелите нека ти е светол патот мамичке“, напиша во јануари музичарот.

Слични објави

(Фото) Миа Костова проговори за тешкиот период: „Ова беше едно лето со лоши вести“

Еспресо

(Видео) Голема трансформација: Дејан Милиќевиќ ослабел 45 килограми

Еспресо

Со умот го освојуваме светот, а душата ни е назад: Марија Главчева за животот на иселениците

Еспресо

„Немаат никаков контакт“: Николина Пишек ја откри тажната вистина за врската на нејзината ќерка со дедото Миша Гроф

Еспресо

„Малку работа, малку Пуља“: Катарина Ивановска ужива во Италија со песна од Тамара Тодевска     

Еспресо

„Може да пее по дома, дует не доаѓа предвид“: Дарко Лазиќ искрено за идејата да снима дует со сопругата Катерина

Е.А.
Се вчитува....