17:11 - 9 ноември, 2026

Мадона се мажи! Кралицата на поп-музиката тајно се свршила со својот 38 години помлад дечко

Мадона наводно се мажи! Како што ексклузивно пренесува „Радар онлајн“, 67-годишната пејачка во тајност се свршила со својот 29-годишен дечко, поранешниот фудбалер Аким Морис. Извор близок до парот потврдил дека нивната врска преминала на следното ниво и дека веќе планираат свадба.

Точниот датум на свршувачката не е откриен, но се наведува дека Мадона е подготвена на обожавателите да им ја соопшти среќната вест. Таа наводно им признала на најблиските дека Морис ѝ дава самодоверба и ја прави среќна, додавајќи дека се однесува кон неа „подобро од било кој друг“. Сомнежите дека двојката се свршила се појавиле кога кралицата на попот била забележана со дијамантски прстен на раката за време на новогодишното патување во Токио.

Кралицата на поп-музиката неодамна објави ретки, интимни фотографии со својот 29-годишен дечко.

Според изворите, пејачката размислува свадбата да ја одржи во Италија, Португалија или во нејзиниот имот во Ист Хемптон. Не планира голема церемонија, туку сака да присуствуваат само најблиските пријатели и членови на семејството. Мадона наводно планира и предбрачен договор со својот помлад партнер, а тој целосно се согласил со тоа.

„Секако дека ќе потпишат предбрачен договор. Аким нема никакви забелешки – тој уште на почетокот прифати клаузули за доверливост, така што нема никакви недоразбирања околу ова прашање“, изјавил извор близок до пејачката.

Гласините за нивната врска првпат се појавија во август 2022 година, кога заедно позираа на насловната страница на списанието „Пејпер“. Нивната врска тогаш била опуштена и краткотрајна, а подоцна се оддалечиле. Сепак, во јули 2024 година повторно се зближиле, а Мадона објави фотографија со Аким на социјалните мрежи, со што потврди дека се повторно заедно.

Во мај годинава пејачката присуствуваше на забавата по повод 29. роденден на својот дечко и оттогаш повеќе не ја кријат својата љубов.

„Мадона постојано вели дека не сака повеќе да губи време, ниту минута. Во животот направи сè што може да се направи, но сега копнее по нешто вистинско. Аким ѝ носи мир, ја смее, ја инспирира и се однесува кон неа подобро од било кој претходно“, изјавил извор близок до пејачката за странските медиуми.

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....