13.8 C
Скопје
12:54 - 18 април, 2024

Љубовната приказна на Џенифер Лопез и Бен Афлек, од првата средба до олтарот

Една од најследените љубовни приказни во шоубизнисот отсекогаш била онаа помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек. Медиумскиот бум околу нивнoто повторно смирување експлодираше минатиот мај 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Обожавателите на парот долго го чекаа овој флешбек, како што е познато, двајцата беа една од најгламурозните и најсаканите парови на почетокот на 2000-тите. Како да го заборавиме розовиот дијамантски прстен што ѝ го подари ? Но, понекогаш, колку и да се сакате, од причини кои никој не може да ги објасни, завршува една голема љубовна приказна. Тие двајца, всушност, тргнаа по својот пат, вклучувајќи бракови и деца од двете страни во следната деценија.

Сепак, по два разводи, раскинување и прекината свршувачка, папараците ги уловиле двајцата на романтичен состанок минатиот мај. За неколку недели, она што изгледаше како медиумски трик, измама да се подигне тиражот, се покажа како вистина.

Љубовна приказна обоена во розова боја

Двојката првпат се запозна во 2001 година и заедно глумеа во филмот Џигли (2003) кој се покажа како неуспех. Во 2002 година доаѓа 6,1-каратниот розов дијамантски прстен и предлогот за брак на кој Џенифер, се разбира, вели „да“. Меѓутоа, во септември 2003 година, само што се соземаа од филмското фијаско, свадбата беше откажана и разделбата беше потврдена во 2004 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tami ✨ (@tami.jlopez)

Декември 2001: Романтична средба на сетот на Џигли

Бен и Џенифер се запознале за време на снимањето на филмот Џигли, кој имаше премиера во 2003 година. Филмот зборува за неколку убијци на мисија кои на крајот се заљубуваат еден во друг. Иако филмот беше фијаско на киноблагајните, двајцата соработници пронајдоа романса надвор од филмското платно. Така настана славниот пар наречен „Бенифер“.

Септември 2002: Двојката соработува на друг филм

Но, додека „Бенифер“ е пар кој работи и сонува за романтична љубов, тие набрзо стануваат бренд и всушност продолжуваат да глумат заедно, на радост на обожавателите кои сè уште сакаат да ги видат на големото платно. Во 2002 година, дуото потпиша соработка на друг филм, „Девојката од Џерси“, од 2004 година. Со вториот филм нивната врска стана јавна.

Џенифер Лопез во тоа време сè уште беше во брак со Крис Џад, а Бен Афлек не излезе во јавноста со неа се додека нејзиниот развод не беше финализиран во 2003 година.

Ноември 2002: холивудска веридба

Во ноември 2003 година, Бен Афлек и предложи брак на Џенифер Лопез давајќи и розов дијамант, кој тој го нарача по мерка. Пејачката тогаш изјави дека предлогот е „традиционален, но и многу спектакуларен, како што очигледно Бен би направил“. Таа исто така додаде дека нејзиното момче е „брилијантно интелигентно, полно со љубов, шармантно и лојално“. Истиот месец, парот се појави заедно во легендарното  видео на Џеј Ло за нејзиниот голем хит „Jenny From the Block“.

Вереничкиот Џеј Ло прстен стана тренд

Вереничкиот прстен на Лопез стана културен феномен, толку многу што стана тренд поради својата единствена боја. Многу невести копнееле по тој дијамант. Розов дијамант од 6,1 карати, со светол рез, создаден од Хари Винстон, кој создаде тренд што го зголеми прометот на обоени дијаманти. Вереничкиот прстен наводно чинел 2,5 милиони долари во тоа време.

Јули 2003: Премиера на Џигли

Свршениот пар заедно присуствуваа на премиерата на нивниот филм Џигли.  Џеј Ло како и секогаш во деколтиран фустан ги остави сите без здив. Но, сепак, и покрај големата љубов, токму во таа година свадбата ќе биде откажана.

Септември 2003: бракот е откажан

Речиси на чекор од олтарот, на разочарување на фановите, двајцата решаваат да ја одложат венчавката, а веста ја соопштија со заедничко соопштение.

Јануари 2004: крај

На почетокот на 2004 година, Лопез и Афлек официјално ја откажаа својата венчавка. Парот тоа официјално го изјави преку зборовите на претставник на Џенифер Лопез кои гласеа вака: „Ја потврдувам информацијата дека Џенифер Лопез ја прекина свршувачката со Бен Афлек. Во ова тешко време ве замолуваме да ја почитувате нејзината приватност“, стои во соопштението.

Но, многу подоцна, поточно во 2020 година се чини дека нешто води до неочекуван пресврт.

Февруари 2020: Бен вели дека Џеј Ло заслужила номинација за Оскар

Цели 16 години по нивното разделување, Афлек имаше полна уста пофалби за Џеј Ло и за нејзината изведба во Хастлер, за која беше омаловажена на Оскарите. Тој за Њујорк Тајмс изјави дека требала да добие оскар.

Јануари 2021: Бен Афлек и Ана де Армас се разделија

По речиси една година заедно, Бен Афлек и Ана де Армас одлучуваат да ја прекинат врската. Актерите се запознаа на почетокот на 2020 година на снимањето на Deep Water во Њу Орлеанс и често беа забележани заедно за време на периодот на карантин во Лос Анџелес. Актерката од Knives Out ја потврди нивната врска на Инстаграм во април 2020 година кога ги сподели фотографиите за нејзиниот 32-ри роденден. Сепак, во јануари 2021 година, според People, приказната дефинитивно заврши.

Април 2021: Џенифер и Арод раскинуваат

По еден месец „заедничка работа на некои проекти“, Џеј Ло и Арод официјално објавија дека се разделува во заедничка изјава за People.

„Сфативме дека сме подобри како пријатели и се надеваме дека ќе останеме такви. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме меѓусебно на нашите заеднички активности и проекти. Си посакуваме најдобро еден на друг..“, стои во соопштението.

Мај 2021: Поранешната двојка остануваат пријатели

Насловната приказна на InStyle од мај 2021 година вклучуваше цитати од многу пријатели на Џенифер, вклучувајќи го и Бен. Нејзиното поранешно момче тогаш рече: „Таа останува, до ден-денес, највредната личност што некогаш сум ја сретнал во оваа индустрија. Таа е многу талентирана, но исто така работеше многу напорно на нејзиниот успех, и јас сум толку среќен поради неа што конечно изгледа дека ја доби заслугата што ја заслужува“.

Мај 2021: повторно обединување – „Бенифер“.

По разделбата на Џеј Ло од Арод, Афлек е виден како влегува и излегува од белата „Ескалада“, која се претпоставува дека и припаѓа на Лопез. Извори изјавиле за People дека тие двајца се само пријатели, но дека се забавувале неколку пати и имаат намера да продолжат да се забавуваат.

Сепак, се чинеше дека работите добија романтичен пресврт, кога е-поштата на Афлек од тоа време откри информации за патување во Монтана на кое нема да оди сам. Извор изјави за Е! дека Лопез „сака да се обиде со Бен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben’s Shirt (@bens_shirt)

22 мај 2021 година: Добредојдовте во Мајами

Викендот, 22 мај, Бен беше забележан во Мајами како ја посетува Џенифер во една од нејзините приватни резиденции. Двојката наводно изгледала среќно. Тие беа фотографирани надвор од куќата на Лопез, а актерката и пејачка имаше огромна насмевка на лицето.

Извор изјави за Е!  дека „Бен ја поминал ноќта во Мајами во домот на Џенифер и си отишол оттаму во зори“.

24 јуни 2021 година: Инстаграм ја официјализира приказната

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја официјализираа врската на Инстаграм! Пејачката го прослави роденденот објавувајќи серија фотографии на својата јахта, меѓу кои и жешка снимка од парот како се бакнува на сонце. И тоа се случи повеќе од 20 години по нивната прва средба!

8 февруари 2022 година: Заедно на црвениот тепих

„Омажи се за мене“, навистина! Џенифер и Бен ни дозволија да ги слушнеме свадбените ѕвона на премиерата на новата романтична комедија на Џеј Ло на 8-ми февруари. Сите очи беа вперени во „Бенифер“ додека заедно одеа на црвениот тепих на премиерата на филмот Marry Me, при што Бен изгледаше елегантно во темен костум, а Џеј Ло зачудувачка во речиси фустан ала венчаница!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia | @jlo follows ✨ (@jlow0rld)

 

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа Мина Наумовиќ еден месец по породувањето: Прво јавно појавување на водителката и Огњен Амиџиќ

Еспресо

Дадилката на децата на Харис и Мелина Џиновиќ признава: „Ѝ ги перев и гаќите, беше скржава!“

еспресо

Драгана Мирковиќ сè жртвувала заради Тони: „Дали сте свесни колку ризикував?“

еспресо

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо
Се вчитува....