13.8 C
Скопје
15:25 - 17 октомври, 2026

Ќути и гледај ако се смилуваат да те викнат да пееш: Кавга на профилот на Спасен поради Цеца

Настана голема кавга на Фејсбук профилот на Спасен Силјановски, откако пејачот се огласи по повод скандалот на концертот на Цеца во Велес. За потсетување, Цеца беше исвиркана зашто подигна бугарско знаме.

-Јас само мудро ќе си молчам и цинично ќе се подсмевнувам“, напиша Спасен на Фејсбук по повод оваа случка, а потоа доби ваков коментар:

-А, за што ќе  молчиш, за што цинично ќе се смееш…за знамето и за Цеца…зошто не молчеше и цинично не се смееше кога не те викаа да пееш по градови…а кога те викнаа со трчање прифати..и стварно замолчи…да пееш стварно си меѓу најдобрите…ама треба да си доследен докрај“, стои во еден коментар.

Фото / Фејсбук

На ова пејачот одговорил: „Кога не ме викнаа, и кај ме викнаа? ….Вие ќе патите се додека не разберете дека борбата ја водам за вас а не за мене“.

Потоа, во друг коментар на Спасен му велат: „Спасен, убаво ти кажа Митко Јанчев. Колку публика ти ќе донесеш а? Ти си многуу далекуу од Цеца и останатите ѕвезди. Така да ќути и гледај негде ако се смилуваат да те викнат да пееш“, а пејачот и на ова одговори: Провери шеќер во крвта“.

Фото / Фејсбук

 

Слични објави

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.
Се вчитува....