13.8 C
Скопје
11:50 - 18 октомври, 2026

Милиграм во друштво на индиска принцеза чие богатство се проценува на над пет милијарди долари

Александар Милиќ Мили, директорот на продукцијата „Гранд“, објави слика на Инстаграм на која позира со принцезата Џанави Кумари Мевар и нејзиниот сопруг Парикшит Сингх Џодпур.

„Принцезата Џанави Кумари Мевар и нејзиниот сопруг Парикшит Синг Џодпур, кои со гордост ги нарекувам мои драги пријатели“, напиша тој.

Која е принцезата Џанави Кумари Мевар?

Принцезата Џанави Кумари Мевар, членка на историското кралско семејство Мевар во Индија, се обидува да мобилизира семејни фондови низ целиот свет за да ги задоволи најегзистенцијалните потреби на човештвото за живот.


„Осмислувам создавање центар за иновации и извонредност за решавање на проблемите со несигурноста на храната и водата низ целиот свет“, рече таа. „Не сакам да бидам таа што им кажува на семејствата како да го решат проблемот. Сакам тоа да биде платформа за колективно дејствување, каде што заедно доаѓаме до методи и решенија за итни глобални предизвици, а тоа не мора да биде врежано во камен. Всушност, би предложила тие да бидат што е можно пофлексибилни за да можат да се прилагодат.“, вели таа.

Џахнави е 77-ма генерација на семејството Мевар – чија династија владеела со делови од Индија повеќе од 1.300 години, од 566 до 1949 година. „Нашето семејство е единствено кое никогаш не се поклонило пред никаква империјална сила – могулска ни британска“, изјави таа за Crain Currency.

Нејзиниот имот се проценува на над пет милијарди долари, пишуваат светските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILIGRAM (@miligramofficial)

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....