4.8 C
Скопје
07:51 - 20 октомври, 2026

Куќата на Тина Тарнер во Швајцарија вредна 58 милиони фунти ќе стане музеј: Ќе бидат изложени омилените предмети на пејачката

Музејот именуван по Тина Тарнер ќе се отвори во вилата на Тина Тарнер во близина на Киснахт на Циришкото езеро.

На швајцарскиот имот на Тина Тарнер во градот Штефа ќе се отвори музеј во спомен на пејачката, пренесува Дејли меил. Музејот ќе го отвори нејзиниот сопруг, кој е иницијатор на овој проект.

Вилата беше купена во 2021 година од Тина Тарнер и нејзиниот сопруг Ирвин Бах. Има базен, езерце и пристаниште. Во истата област живее тенисерот Роџер Федерер.

Во нејзиниот роден град Браунсвил во американската сојузна држава Тенеси се планира да се создаде и комплекс во спомен на Тина Тарнер.

Неодамна градоначалникот Бил Ролс Џуниор објави дека има намера да ѝ подигне споменик на пејачката – се предвидува да биде подигнат во парк во близина на училиштето во кое таа учела.

„Тина беше инспирација за целиот свет. Таа им покажа на луѓето од Браунсвил дека без разлика од каде ќе започнете, вие правите своја приказна за тоа каде ќе завршите“.

Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст на 24 мај.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....