15.8 C
Скопје
00:32 - 22 октомври, 2026

КРИСТЕН СТЈУАРТ ШОКИРА: „Би можела да се венчам овој викенд“ – бракот е поблиску од очекуваното!

За време на интервјуто за „Late Show“ со Стивен Колберт, актерката Кристен Стјуарт откри дека венчавката со сценаристката и режисерка Дилан Мајер би можела да се случи овој викенд.

instagram

Ѕвездата на „Самрак“ Кристен Стјуарт и режисерката Дилан Мајер ја објавија својата венчавка минатиот ноември. Двете уметници се во врска од 2019 година и сега се подготвени да го направат големиот чекор – свадба. И двете едвај чекаат да се венчаат и на тој начин да ја крунисаат својата врска; ова може да се случи порано од очекуваното, исто како што неодамна изјави Кристен. Помеѓу нив постоела вистинска љубов на прв поглед која за две години ги навела да донесат толку важна одлука.

За време на интервјуто за Late Show со Стивен Колбер, актерката направи навистина неочекувано откритие. Водителот ја праша Стјуарт како течат подготовките за свадбата, а таа одговори:

„Дефинитивно сакам да направам голема забава. Не сум многу навикната на церемонии“. А потоа откри: „Можеме свадбата да ја направиме овој викенд, па после да излеземе со другарките! Сакам да го направам тоа!” Важна изјава која ги воодушеви многубројните фанови на парот.

Актерката исто така призна: „Не ме бива за правење планови. Не можам да правам планови ниту за вечерва. Јас сум како тркало… со мене никогаш не знаеш каде може да завршиш, пријателе“.

Во последно време Кристен се почесто отворено зборува за нејзиниот приватен живот. По врската со Роберт Патинсон, Стјуарт имаше други врски, но никогаш не сакаше да зборува премногу за тоа. Сега со Дилан сè е променето и таа со возбуда раскажува за својата прекрасна љубовна приказна.

Така што нема дилеми, 31-годишната глумица е на чекор од свадбата и наскоро ќе ја изрече судбоносната реченица „yes I do“. По успехот на филмот Twilight, таа помина тежок пат, и професионално и емотивно. По неколку неуспешни врски, Кристен се чини дека конечно ја нашла љубовта и не е подготвена да ја напушти. Пред извесно време таа призна: „За секоја врска што некогаш сум ја имала, отсекогаш сум мислела дека е вистинската“. Но, сега вистинската личност пристигна и Стјуарт е подготвена да го помине остатокот од животот со неа.

 

 

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....