04:17 - 26 ноември, 2026

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан со стил: од Битлси до Квин и Колдплеј, ова е финалната плејлиста

Сè е подготвено за претстојно крунисување на Чарлс Трети кое е закажано за во мај, а Спотифај (Spotify) штотуку ја објави официјалната плејлиста на Прославата на крунисувањето, со импресивна постава на британски легенди и современи поп ѕвезди кои сигурно ќе ја подгреат атмосферата во празнично расположение.

Плејлистата од 27 песни, избрана од Одделот за дигитални, културни медиуми и спорт на Обединетото Кралство, вклучува класици како што се „We Are the Champions“ на Квин и „Let’s Dance“ на Дејвид Боуви.

Покрај овие легендарни нумери, плејлистата содржи и некои модерни поп хитови од ѕвезди како Хари Стајлс, Ед Ширан и „Running Up That Hill (A Deal With God) на Кејт Буш, која се здоби со обновена популарност благодарение на 4-та сезона од „Stranger Things“.

Плејлистата за Coronation Celebration започнува со „Come Together“ на Битлси и завршува со „King“ од британското синт-поп трио Years & Years. Сепак, вреди да се напомене дека Rolling Stones, веројатно најголемиот жив бенд во Британија, се забележително отсутни.

Церемонијата на крунисување на кралот Чарлс III, која ќе се одржи на 6 мај во Вестминстерската опатија, несомнено ќе се обиде да ја прифати модерноста по 70-годишното владеење на покојната кралица Елизабета Втора.

Во меѓувреме, на 7 мај, вечерта во замокот Виндзор ќе се одржи Концертот за крунисување и ќе биде емитуван од Би-Би-Си. Сепак, според повеќе извештаи од британскиот печат, неколку уметници, вклучувајќи ги Елтон Џон, Адел и Хари Стајлс, ги одбиле барањата за настап на оваа голема прослава.

 

Слични објави

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо
Се вчитува....