04:27 - 26 ноември, 2026

Астро прогноза за четврток, 23 март

Овен

Овенот може да има неочекувана љубопитна ситуација на работа, која ќе ви го постави расположението за целиот ден. Ѕвездите велат дека ништо лошо нема да се случи.

Бик

Бикот ќе треба да реши некои „хартиени работи“ -да потпишува документи, праќа или подигнува некои документи, да се занимава со сметки, фактури или банка, и добро е тоа да се заврши денес.

Близнаци

Близнаците ќе можат да ја одложат работата и да се одморат денес. Можно е и да посетат нови интересни места или да запознаете интересна личност.

Рак

Раковите ќе бидат полни со сила и енергија, што ќе ги натера да се развиваат, да смислуваат нови идеи и да одат напред.

Лав

За Лавовите четврток ќе донесе разрешница на конфликтите. Можеби утрото ќе започне со вербална расправија со колегите и раководството. Не треба да си дозволувате премногу.

Девица

Девиците на овој ден ќе треба да направат избор. Ќе биде тешко, но одлуката треба да се донесе не со умот, туку со срцето.

Вага

Вагата ја чека непријатен разговор со некој ваш близок. Важно е да направите се за да ги смирите вашите емоции и да избегнете конфликт.

Шкорпија

Четврток на Скорпиите ќе им даде одмор, добри емоции, романса, грижа од најблиските и можност навистина да се опуштите.

Стрелец

Стрелецот не треба да го свиткува опашот во ниту една работа на овој ден. Треба да се однесувате мирно и внимателно.

Јарец

Јарците треба да почнат да спортуваат на овој ден, дури и ако претходно тоа не им било навика. Одличен ден е и за решавање на вознемирувачките проблеми.

Водолија

Водолиите ќе мора да бараат изговори за некои свои постапки, за подбуцнување, или за неквалитетно сработена работа.

Риби

Рибите на овој ден ќе почувствуваат морална исцрпеност. Ако има можност, подобро е да земете слободен ден и да си направите целосна детоксикација. Денес ќе бидете токсични за околината.

Слични објави

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо
Се вчитува....