23.8 C
Скопје
15:04 - 1 октомври, 2026

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА НЕ ОДЕЛА ВО УЧИЛИШТЕ: Строгите правила на кралството

кралица елизабета

Растејќи како член на кралското семејство, сигурно е дека младата принцеза Елизабета го имала на располагање најдоброто образование. Сепак, таа никогаш не одела на училиште.

Како и повеќето кралски деца пред неа, идната кралица, заедно со нејзината сестра, принцезата Маргарет, се школувале дома со приватни учители кои се грижеле за нивното образование.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Традицијата налагала кралските деца да не одат на училиште. Враќајќи се во времето на Тудор, синот на Хенри VIII, принцот Едвард, се школувал во дворското училиште заедно со уште четиринаесет други ученици, синови на аристократи, а училиштето го создал самиот крал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Бидејќи била принцеза, Елизабета Втора се школувала дома, нејзината мајка ја научила да чита и да пишува, да зборува повеќе јазици, да свири на пијано и да танцува. Кога станала следната по ред која ќе седне на тронот во 1936 година, нејзиното образование се проширило, пишува „The List“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Кралицата Елизабета за разлика од своите родители ги испратила своите деца на училиште, а нејзините внуци и правнуци го следеле нејзиниот пример и следеле настава заедно со другите деца.

Слични објави

„Го удри трамвај среде Белград“: Тома Здравковиќ доживеал сообраќајна несреќа кратко пред смртта

Е.А.

„Игор го немам видено 15 дена“: Кеба отворено за синот, бремената снаа и подготовката за новата животна улога

Е.А.

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

Е.А.

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

Еспресо

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо
Се вчитува....