06:28 - 9 ноември, 2026

Кијану Ривс доаѓа во Србија, пред него во Белград ќе настапи Род Стјуард

Холивудската ѕвезда наскоро ќе биде ѕвезда на еден фестивал во Србија на радост на неговите бројни фанови. Ривс кој е дел на еден алтернативен бенд, ќе гостува на фестивал кој ќе се одржи од 27 до 29 јуни во просторијата на Книжевен арсенал во Крагуевац.

Како гитарист, Кијану е дел од тој бенд од почетокот на неговото постоење, а сега одлучи да ја продолжи својата музичка кариера во која бескрајно ужива.

Но не само Ривс, и еден од најпознатите британски пејачи Род Стјуард доаѓа во Белград. Беше член на бендовите „The Jeff Beck Group“ и „Faces“, а својот најголем комерцијален успех го постигна како соло уметник.

Оваа позната музичка ѕвезда за прв пат во Србија ќе дојде во мај 2024 година! Прославената музичка легенда го најави своето прво гостување во Белград на 17 мај 2024 година во Штарк Арена.

– Искрено сум возбуден за мојот прв концерт во Белград и со нетрпение очекувам да настапам пред прекрасната публика. Можете да ги очекувате моите најголеми хитови, но и многу вистински изненадувања – изјави Род Стјуарт пред неговиот концерт во Белград.

Организаторот на концертот на публиката ѝ ветува незаборавна вечер и одлична забава.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....