13:38 - 29 ноември, 2026

Кевин Спејси низ солзи ја слушна пресудата – не е виновен за сексуално злоставување мажи, судот го ослободи од сите девет обвиненија

Кевин Спејси почна да плаче, откако беше ослободен од сите обвиненија на уште едно судење за сексуален напад, што се одржа во Лондон.

На 64-годишниот актер му се судеше за сексуални напади врз четворица мажи, што наводно се случиле од 2004 до 2013.

„Ви благодарам, ви благодарам“, ѝ кажа Спејси на поротата, држејќи ја дланката на градите.

Спејси цело време ги негираше обвиненијата, кои ги опишуваше како лудило, забивање нож во грб и апсолутна глупост. Тој тврдеше дека четворицата мажи имале финансиски мотиви.

Поротата ја прочита пресудата откако заседаваше повеќе од 12 часа. Таа го ослободи Спејси по сите девет обвиненија за сексуални напади врз мажи во 20-ти и 30-ти години.

На судењето, Спејси призна дека имал доброволен секс со двајца од тужителите и дека можеби недолично реагирал кон еден маж на една забава. Тој даде увид во своите врски со славни личности, при што бомбастично ги спомна актерите Џек Лемон, Вал Килмер, Ричард Харис и Џоан Колинс.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....