15:08 - 4 ноември, 2026

Кејт Мидлтон се подбива со принцот Хари: „Психотерапија помага, ама не секому…“

Вчера Кејт Мидлтон и принцот Вилијам првпат официјално се појавија во јавноста по објавувањето на скандалозните мемоари на принцот Хари.

Принцот и принцезата од Велс ја посетија добротворната организација за ментално здравје Open Door во Мерсисајд и се сретнаа со волонтери и пациенти.

Официјално, кралското семејство не ги коментираше шокантните признанија на Хари за животот во кралската палата, но постојат сомневања дека при оваа посета принцезата од Велс, си дозволила да навести што мисли за Хари.

Имено, вниманието на британскиот печат го привлече разговорот на Кејт Мидлтон со извесен тинејџер кој ѝ се доверил дека музичката терапија (во организацијата за ментално здравје Open Doorкоја се користи уметност и танц за да го подобри менталното здравје на пациентите) му помага да ги изрази своите чувства на здрав начин.

„Да, терапијата функционира кај некои луѓе, но не е за секого. Кај некого не функционира. Многу е важно да имате дополнително цела низа методи на лекување”, се согласила Кејт со него.

Токму оваа реченица на Кејт почна жестоко да се дискутира во печатот и на социјалните мрежи. Многумина сметаа дека Кејт на тој начин го исмевала принцот Хари, кој е голем љубител на психоанализата, но дека можеби кај него не функционира.

„На кого мислеше? иронично пишуваат новинарите од британскиот Дејли Меил.

„Нека крена рака оној кој мисли дека Кејт нè се зафркава на сметка на принцот Хари на овој начин со неговите бескрајни јавни „исповеди“, шишуваат корисници на социјалните мрежи.

Потсетуваме, во својата автобиографија која моментно урива рекорди, принцот Хари, меѓу другото, постојано се осврнува на психотерапијата, па дури и им се заблагодарува на многу терапевти кои му помогнале. Во книгата тој тврди дека неговиот постар брат Вилијам верувал дека терапевтот на Хари не само што не му помага туку му го „пере мозокот“.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....