20.8 C
Скопје
18:58 - 27 септември, 2026

Кејт Мидлтон ја води својата прва дискусија на тркалезна маса со британските политичари

Војвотката од Кембриџ на состанокот во Кралската институција на кој присуствуваа и министри од Кабинетот на Нејзиното Височество, презентираше студија за раното детство спроведена од Центарот за рано детство на Кралската фондација, кој таа го основаше минатата година.

фото – инстаграм

Познато е дека британското кралско семејство, почнувајќи од кралицата, се држат настарана од политичките прашања. Но, има ситуации во кои тие сметаат дека е суштински да стапат во контакт со претставници на владата.  Особено ако прашањата што треба да се решат им се многу драги. Како што е и во случајот со Кејт Мидлтон, која се сретна со британски политичари за прв пат откако влезе во Бакингемската палата.

Таа го стори тоа во Кралската институција, каде што војвотката од Кембриџ водеше панел дискусија на која присуствуваа и министерот за деца Вил Квинс, државниот секретар за здравство и социјални работи Саџид Џавид и службеници од Одделенијата за здравство, образование и социјална помош.

Темата беше онаа која е најдрага за сопругата на принцот Вилијам: грижа за раното детство. Со професионализам и компетентност, Кејт Мидлтон ги презентираше податоците од истражувањето спроведено од Кралската фондација Центар за рано детство – институција што таа ја основа минатата година – според кое девет од десет луѓе се согласуваат дека првите пет години од животот се формативни во животот на децата,  додека ниту еден од пет испитаници вклучени во истражувањето не е свесен колку тие години го означуваат и идниот развој на детето.

фото – инстаграм

„Знаеме дека само мал процент од населението ја разбира клучната важност на првите пет години од животот на детето и нашата цел е токму тоа: да ги промениме работите и да ја шириме оваа свест“, рече војвотката. „Добро е што на сите им е јасно дека искуствата што ги имаме во раното детство имаат фундаментално влијание врз целиот наш живот и ги дефинираат идните години не само на поединецот, туку и на заедницата и на самото општество“.

„Тоа е прашање што не може да не заврши на нашите агенди“, продолжи Кејт. „И можеме да направиме многу повеќе од она што веќе го правиме, бидејќи секој од нас игра клучна улога: и работи директно со децата и со возрасните кои имаат врска со нив“.

Инаку, грижата за раното детство е срцето на социјалната посветеност на Кејт Мидлтон, која пред неколку месеци беше и во Данска за да истражува на оваа тема.

Слични објави

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо
Се вчитува....