24.8 C
Скопје
20:23 - 7 септември, 2026

Кеба ги откри новите промени во „Ѕвездите на Гранд“: „Ќе бидам уште во оваа емисија“

Драган Којиќ – Кеба ги откри новите промени во Ѕвездите на Гранд. Инаку, тој моментно е член на жирито во популарната емисија на местото на Ана Бекута.

Пејачот одлично се снајде во новата улога, меѓутоа, како што откри сега, ова ќе биде најверојатно последна епизода којашто ќе ја снима.

-Што знам, мислам дека се снајдов, нека кажат другите. Ќе бидам уште во оваа емисија – рече пејачот, а потоа на новинарско прашање дали донел торта за да ги почести колегите, тој одговори:

– Ако сакате да изгледате добро, мора да бидете гладни. Добра диета за добра линија – рекол Кеба, пренесува Курир.

Инаку, по подолга пауза продолжи снимањето на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, а на изненадување на публиката, Ана Бекута е привремено заменета како членка на жирито. Причината се нејзините обврски.

Кеба, кој моментално го зазеде столчето на Бекута, меѓу првите пристигна во студиото за снимање и се пошегува со присутните претставници од српските медиуми.

– Што да ви кажам, убави сте, прекрасни сте. Времето е убаво, сонце грее – низ насмевка изјавил Кеба, пренесува српски Телеграф.

Бекута своевремено во неколку наврати критикуваше одредени стајлинзи на натпреварувачките, а Кеба откри дали се согласува со нејзината колешка.

– Не знам, во оваа емисија што се емитуваше кажав дека немам намера да коментирам за стајлингот. На сите натпреварувачи, без разлика дали се машки или женски, им кажав дека најважни се срцето и гласот, а на трето место е мозокот – порачал Којиќ, а потоа им дал совет на натпреварувачите.

– Мој совет е најмалку да внимаваат на стајлингот, а само кога ќе стигнат до финалето, барем според мене, да им се одреди стручен тим кој ќе ги советува. Инаку, ако сите разговараме со нив за стајлингот, тогаш нивното внимание се одвлекува. Јас барем така мислам – истакнал пејачот за српски Телеграф.

Слични објави

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо

По венчавката со Лазар Ристовски, Аница организираше прослава – врескаше од среќа и го покажуваше венчалниот прстен

Еспресо
Се вчитува....