13:22 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сопругата на Канје Вест може да биде уапсена и „дебело“ казнета: Шетала гола во Париз

Против моделот Бјанка Ценсори по вторпат е отворен полициски случај.

Раперот Канје Вест и неговата сопруга, моделот Бјанка Ценсори, се во центар на скандалот за нивниот нов изглед во Париз, пренесува Daily Mail.

stylemonument, Instagram

Во Париз манекенката носеше светлосини проѕирни хулахопки во комбинација со високи потпетици. Таа не носела ни долна облека, покажувајќи го своето голо тело. Појавата предизвика осуда во јавноста, а француската полиција се закани со апсење и парична казна за експлицитното појавување на Бјанка.

Минатиот август Канје Вест и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори отпатуваа во Италија. Фотографиите на папараците од парот редовно се појавуваат во медиумите: тие ги прикажуваат Канје и Бјанка во проѕирни и речиси голи модни комбинации на улиците на италијанските градови. Жителите на земјата веќе го изразија своето незадоволство од однесувањето на парот.

Особено беше осудено однесувањето на Канје Вест во Венеција, кадешто беше фотографиран како седи на гондола со спуштени панталони и без долна облека, покажувајќи го задникот.  Претставниците на компанијата Венеција Туризмо на чие водно-такси пловеше двојката, им рекоа на новинарите дека двојката „повеќе не е добредојдена“ да ги користи нивните услуги.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....