20:52 - 7 ноември, 2026

„Ќе вртеа околу телевизија некои што мислат дека се пејачи“: Наум Петрески си ја отвори душата

Се налути Наум Петрески и распали по „оние кои што се мислат пејачи“, а фолк пејачот никогаш не бил поискрен.

Наум сподели една стара насловна страница каде што е тој со музичарот Љупчо Трајковски- Фис, од 2001 година, од ревијата „Екран“ и искрено го кажа своето мислење за состојбата на македонската музика во тоа време и денес.

– Е, вака беше на почетокот од 1990-тите, и 2000-тата кога имавме Македонска телевизија и радио и имавме естрада за која се пишуваше во списанија како „Екран“ и други.

Имавме многу квалитет заради селекцијата што се преферираше во МТВ во која многу денешни пејачи што се мислат пејачи ќе вртеа околу телевизија, бидејќи нема да можеа да влезат во таков (не)квалитет – напиша златното грло на македонската фолк музика.

 

Во едно интервју за „Слободен печат“, Зуица Лазова, сопругата на Наум раскажа дел од нивната љубовна приказна.

– Многу долго сме заедно, а околу 20 години живееме заедно. Наум ме освои со стасот, со гласот, особено со смислата за хумор, но најмногу со неговата душа како планина – рекла пејачката и професорка Зуица Лазова.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....