20:54 - 7 ноември, 2026

Каспер за љубовта со Мина Костиќ: „Научив да се борам за вистинските вредности“

Мане Ќурувија Каспер јавно проговори за својата врска со пејачката Мина Костиќ, истакнувајќи дека токму таа му помогнала да ги преиспита животните приоритети и да ја стави љубовта на прво место.

Каспер, кој пред два месеца се врати во Њујорк каде што живее, преку објава на социјалните мрежи сподели емотивна порака за својата свршеница.

„Со Мина научив дека не треба да се борам против светот, затоа што светот не можеш да го победиш. Таа ме научи дека вреди да се бориш за нашата љубов и нашата иднина, бидејќи тука не можеш да изгубиш. Да не ја послушав, сигурно ќе изгорев во таа борба со немилосрдниот свет“, напиша тој.

Тој додаде дека ваквата искреност ретко се споделува јавно, но сака да испрати порака до сите да се фокусираат на вистинските вредности.

„Борете се за љубовта и семејството, а не за привидите. Светот не се грижи за вашата иднина, затоа не го заборавајте тоа“, порача Каспер, а неговата објава Мина ја сподели и на својот профил.

Судејќи според нивните објави, парот сè уште планира брак. Каспер неодамна објави дека врските кои се чуваат подалеку од јавноста имаат поголеми шанси да опстанат, на што Мина кратко одговори: „Така е!“

Пејачката претходно откри дека и покрај разделеноста поради обврските на Каспер во САД, тие се во постојан контакт и ја негуваат својата врска.

„Секој ден се слушаме. Ми напиша: ‘Мене секој ден ми е ден на мојата жена, не само 8 Март’. Како тогаш некој може да каже дека не сме заедно?“, изјави Мина.

Таа додаде и дека Каспер работи на книга посветена токму на нивната љубовна приказна.

Иако нивната врска често беше предмет на шпекулации, двајцата јавно покажуваат дека и понатаму се посветени еден на друг.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....