18:04 - 7 ноември, 2026

(Фото) Како деца сме работеле без хонорар: Синот на Есма со тажна приказна за мајка му

Симеон Атансовс, синот на Есма Реџепова, објави тажна приказна за мајка си, кралицата на ромската и на македонската песна.

На 10 декември се навршија 9 години откако почина Ема Реџепова, а Симеон, по тој повод, емотивно напиша: „Девет години без тебе, почивај во мир, мајко!“

Фото / Фејсбук

Музичарот Симеон Атанасов е едно од 47-те момчиња кои ги одгледа легендарната Есма Реџепова Теодосиевска.

Симеон, кој ѝ беше менаџер сè до крајот на нејзиниот живот, пред неколку години изненади со одлуката да се пресели во Виена, Австрија, заедно со сопругата и децата. Во повеќе наврати, тој изјави дека му е жал што пропаѓа Спомен куќата на неговите  родители и во гостувањето во „Бекстејџ“ тој ја раскажа целата ситуација.

– Јас кога доаѓам тука се ежам, морам тоа да го кажам, бидејќи во оваа куќа имам огромни спомени, уште кога се вративме од Белград, 1990-тата година, уште од темелите, точно знаев што треба да биде тука и како треба да изгледа.

Сето тоа изгледа убаво, се градеше, иако пред тоа имавме некои комплиакции, горе на Водно тоа не се дозволи да се изгради и тука почна да се гради. Почна добро да се гради, патувавме многу, одевме на многу турнеи.

Јас многупати велам, многупати сме работеле ние сите деца без хонорари, за да може ова да се изгради, да остане еден спомен, дом, еден музеј, сето она што Есма и Стево го работеа, за да можат идните генерации да дојдат и да го видат сето она што сме го работеле.

И секако, ние како деца, од наши мали нозе сме работеле, за да може ова да остане еден ден. Но, за жал, еве што се случува.

Јас сè повеќе се разочарувам и губам некоја надеж, но ете, се борам колку можам, да остане тој спомен на Есма и на Стево – изјави Симеон во „Бекстејџ“.

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....