13.8 C
Скопје
16:30 - 19 април, 2024

КАКО ДА ГО ДОЗНАЕТЕ ПОЛОТ НА БЕБЕТО БЕЗ УЛТРАЗВУК: ВИСТИНИ И ФИКЦИИ

Кој е полот на бебето? Постојат ли докажани начини да се дознае полот без ултразвук?

Секоја мајка сонува за средбата со своето бебе штом дознае дека е бремена. Во нејзината глава постојат десетици фантазии и прашања: „Како ќе изгледа малечкото?“, „Како ќе помине породувањето, што ќе биде кога ќе порасне?“. Едно од најважните прашања за идната мајка, можеби е: „Кој е полот на детето“? Постојат ли докажани начини да се дознае полот без ултразвук?

Фото: pixabay

ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОЛОТ НА ДЕТЕТО: народни знаци и медицински показатели

Зошто толкаво страдање и прашалници во врска со тоа дали постои вид на дијагноза што ви овозможува да го одредите полот на бебето во матката со голема точност? Но, некои жени одбиваат да направат ултразвук, верувајќи дека тоа може да му наштети на бебето, или дека прегледот нема да даде одговор за полот, доколку бебето е наместено погрешно за време на ултразвукот. Дури и во античко време, познавачите биле повикувани за да се утврди полот на фетусот од моментот кога мајчиниот стомак станувал видлив. Се разбира, во тоа време прашањето како да се открие полот на детето без ултразвук било повеќе од важно, бидејќи не постоеле сериозни медицински методи. Можеби најпопуларниот начин да се одреди каков пол ќе биде идното бебе – е во обликот на стомакот. Ако остане напред, треба да очекувате син. Ако, напротив, стомакот расте на страните, најверојатно ќе се роди ќерка. Сепак, ваквото предвидување за полот на детето не е потврдено од медицинска гледна точка. Многу трудници сами одредиле некои знаци за препознавање на полот. Доколку им расте повеќе коса или влакна на стомакот – најверојатно ќе се роди момче, ако имаат пигментација на кожата – вреди да се чека девојче. Патем, овој знак е потврден од официјалната медицина.

Instagram

КАКО ДА ГО ДОЗНАЕТЕ ПОЛОТ НА БЕБЕТО БЕЗ УЛТРАЗВУК: останати физиолошки знаци

Во текот на бременоста, кај мајките кои носат девојче, ауреолите на брадавиците најчесто потемнуваат, додека промени на дојките, кај оние кои чекаат машко, речиси и да нема. Промената во големината на градите е уште еден физиолошки знак. Доколку тие почнат да растат уште на самиот почеток од бременоста, ќе се роди момче. Идните мајки на девојчиња, најчесто имаат промени во цртите на лицето, состојбата на кожата и слично. Како што се вели меѓу народот: „Девојчињата ви ја земаат сета убавина“. Немојте да кревате паника, после породувањето, сè ќе биде како порано, но сигурно ќе родите ќерка. Мајките на машки деца пак, цветаат во бременоста или не забележуваат никаква промена во физичкиот изглед.

ПОГОДУВАЊЕ НА ПОЛОТ СПОРЕД ВКУСОВИТЕ И РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Уште еден заеднички знак за идните мајки на женски деца е потребата за благо, додека мајките на момчиња воопшто не сакаат солена храна, туку месо и риба, или пак, кисело – млечни производи. Емоционалната состојба, исто така може да биде предзнак за полот на бебето. Имено, секоја трудница страда од промени во расположението, но доколку таквите промени се премногу чести, поголема е веројатноста дека ќе се роди девојче. Спротивното, доколку трудницата е секогаш смирена и се однесува соодветно на својата состојба, очекувајте дека ќе роди син. Всушност, рамнотежата е квалитет кој е најкарактеристичен за машкиот пол.

Што и да носите, нека ви е здраво и живо!

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо
Се вчитува....