13:28 - 27 ноември, 2026

МИСЛИТЕ ДЕКА ГО ИМАТЕ ДОВОЛНО? Што сè може да го намали производството на витаминот Д

Витаминот Д, еден од витамините кои се растопливи во масти, познат е и под името сончев витамин, бидејќи нашето тело, токму благодарение на сонцето, преку кожата го синтетизира и произведува истиот – пишува Živim.hr.

Постојат повеќе фактори што го намалуваат производството на витаминот Д и го зголемуваат ризикот за негов недостаток во организмот.

Возраст: при изложување на сонце во ист период од годината и со исто времетраење, постарите луѓе произведуваат 30 проценти помалку витамин Д.

Индекс на телесна маса:  кај луѓето со зголемена телесна тежина, витаминот Д е „заробен“ во масното ткиво и потешко е достапен на телото за користење.

Користење на крема за заштита од сонце: фактор за заштита 15, го намалува производството на витаминот Д дури за 99 проценти,

Фототип: луѓето со потемна кожа произведуваат витамин Д двапати побавно од луѓето со посветла кожа.

Облека која штити од сонце: спречува производство на витамин Д.

Очила: очилата ги апсорбираат сите УВБ зраци, така што останувањето на дневна светлина зад стаклото не доведува до синтеза на витамин Д.

Болести на црниот дроб или бубрезите: тие спречуваат претворање на витаминот Д во активна форма.

Земање лекови кои го забрзуваат метаболизмот на активниот витамин Д, како што се антивирусни лекови, кортикостероиди и антиепилептици.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....