20.8 C
Скопје
01:30 - 9 септември, 2026

Каде вечерва: На промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Промоцијата на новото прозно дело „Луѓето, а не градот“ на Снежана Младеновска Анѓелков е закажана за вечерва, со почеток од 19:00 часот во КИЦ. Делото е посветено на старо Скопје, градот кој веќе го нема, но кој сепак и понатаму живее во сеќавањата на неговите жители.

Низ соодветен визуелен третман надополнет со извадоци од книгата кои ќе ги презентираат актерите Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Предраг Павловски, промоцијата ќе понуди и видео-посвета на скопскиот прозен хроничар, писателот Благоја Иванов, кој неодамна не’ напушти.

За новата книга, професорката и писателка Калина Малеска забележа: „Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“.

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....