17.8 C
Скопје
12:04 - 20 октомври, 2026

Каде вечерва: На концертна промоција на Фанк Шуи во МКЦ

Со позитивните импресии од регионот и пошироко се потврди дека бендот од Скопје успешно ги надминува јазичните бариери во пренесување на музичката порака. Фанк Шуи штотуку се вратија од мини европска турнеја во која во во изминатава година оддржаа концерти во Лондон, Ливерпул, Виена, Берлин, Ајндховен, Варшава, Краков, Гронинген, како и 10-тина концерти низ Балканот.
Фанк Шуи неодамна го издадоа и новиот сингл „Магла“ кој е дел од новиот албум „Никогаш пак”.

Синглот доби свој анимиран видео запис и е веќе достапен на сите онлајн стриминг платформи. Анимираното музичко видео е под капата на белградската продукција FriedTV (Џорџе Јованович, Вук Таталович, и Јосип Модли).

Во изминатите неколку години, Фанк Шуи бројат повеќе видео награди и признанија за спотовите за „Метеори“, „Ветер“ и „Не Време“, како и многубројни номинации од страна на етаблираните AWMA 2021, HEMI Awards, WMA 2022, Balkan Rock, Музика ХР и др.

Билети за концертот онлајн на www.bileti.mkc.mk, како и на билетарницата во МКЦ.

Слични објави

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо
Се вчитува....