9.8 C
Скопје
18:23 - 30 март, 2026

Јован Јованов искрено раскажа за разводот: Тоа беше шок за моите дома

Јован Јованов детално раскажа за разводот со неговата сопруга Николина во Канада, и за тоа во какви односи се сега, а ја спомена и нивната ќерка.

Како што е познато, нашиот музичар долго време живее во Канада, а неговата ќерка сега има 14 години. Јованов за разводот со сопругата Николина зборуваше во поткастот на Стефан Лазаров.

– Ништо не се случи, ние сме во фантастични односи, сѐ уште сме многу добри другари, имаме ќерка – рече Јованов и додаде дека се развел во 2018.

– Нам многу добро ни одеше, многу добри партнери за бизнис бевме, имаме сѐ уште ние бизнис таму заеедно. Немавме ние проблем да се разделиме, туку ја изгубивме онаа љубовната страна.

И уште на почетокот, затоа што и двајцата сме емотивно зрели, не гледавме никаков проблем.
Иако тоа беше шок и за моите дома, и за мајка ми и за многу пријатели – рече Јован, а на прашањето на Лазаров: „А, за ќерка ти?“, тој одговори:

– Нормално дека секое дете сака да ги види родителите заедно, но подобриот план е да не ги види како се караат. Ако види дека се скарани, и тогаш мајката ѝ рекла: Еј, татко ти е ваков, па таткото рекол…

Тоа е најглупавата работа. Во Македонија јас мислам дека имаат многу луѓе проблем со тоа. Мој совет е дека треба да разговараат на темата. Некогаш кога не иде нешто, подобро кажи си, пресечето го додека сте сѐ уште другари, пријатели.

И така еве седум години. Не дај боже да ја изгубите таа љубов и енергија, но ако дојде тој ден, подобро е да зборите за тоа вака нормално, и ако имате деца, никогаш немојте со лошо еден кон друг – рече Јован Јованов. 

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....