08:53 - 27 ноември, 2026

(Фото) Биљана Јефтиќ и Аца Илиќ се разделија по 36 години: Се појави фотографија како доказ, таа сè тешко поднела

Познатиот српски пејачки пар Аца Илиќ и Биљана Јевтиќ се разделија за првпат по 36 години хармоничен брак.

Причината е неговата турнеја низ Австралија, додека неговата сопруга во тој период останала во Белград.

Меѓутоа, Аца не е сам преку океанот, туку се наоѓа во друштво на пријатели и познат музичар.

Пејачот со Зоран Тодоровиќ ја прослави неговата слава Света Петка.

Аца објави заедничка фотографија од топлиот семеен дом со опис:

„На слава кај семејството Тодоровиќ“.

Сепак, Биља Јевтиќ неодамна изјави дека ова е првпат тие двајца да се разделат и дека тоа тешко ѝ паѓа, па открила како функционира нивниот брак наспроти овој предизвик.

– Еве денеска е нашата годишнина од бракот, 36 години. Секогаш ја славевме секоја година, а сега еве славиме преку Вибер. Тој отиде пред две недели. Имаше и порано разделби, на месец или месец и пол, се разделувавме на пократки периоди, сега е долго, ќе видам како ќе помине времето. Се гледаме секој ден, се слушаме како да сме еден до друг, вариме кафе и преку Вибер – неодамна изјавила таа за „Гранд“.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо
Се вчитува....