13:28 - 29 ноември, 2026

Јелена Розга добила заканувачка порака, никаде не оди без обезбедување: „Вознемирена е, се плаши за својот живот“

Пејачката Јелена Розга наводно повеќе не оди никаде без обезбедување. Како што пишуваат хрватските медиуми, Јелена неодамна на вратата од хотелската соба во која престојувала пронашла писмо кое ја вознемирило, па стравува за својот живот.

-Јелена доби писмо на кое пишуваше нешто што многу ја вознемири. Таа не сакаше никому, па ни на својот менаџер да открие што пишувало и зошто е вознемирена и е под стрес. Таа само побара да се привлече вниманието на организаторите и дека сака да го засили обезбедувањето околу себе, дури рече дека ќе плати луѓе само за да се засили обезбедувањето кога ќе дојде на настап, вели извор за хрватските медиуми.

Потоа изворот додава – „Ова навистина ја потресе! Иако сите инсистираа да им каже за што се работи, таа само рече дека се е во ред и дека ѝ се јавуваат фанови кои понекогаш знаат да бидат малку напорни“.

Очигледно пејачката, како што и самата изјавила, навистина се плаши дека некој би можел да ја повреди, но се уште не е познато од која причина.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....