17.8 C
Скопје
14:48 - 18 октомври, 2026

Интимен момент на Антонио Бандерас и Мелани Грифит: Овој детаљ открива каков е нивниот однос по разводот

Антонио Бандерас и Мелани Грифит со години важат за еден од ретките холивудски поранешни парови кои и по разделбата успеале да задржат топол и пријателски однос.

На фотографијата што ја објави Бандерас (65), позира со поранешната сопруга Мелани Грифит (68), нивната 29-годишна ќерка Стела и нејзиниот сопруг Алекс Грушински. Сите насмеани седат прегрнати на софа за време на дружење во Лос Анџелес.

„Убав и забавен момент вчера во Лос Анџелес со мојот зет Алекс, ќерка ми Стела и мојата поранешна сопруга и доживотна пријателка Мелани“, напиша актерот под објавата.

Блиски и по разводот

Антонио Бандерас и Мелани Грифит беа во брак од 1996 до 2015 година, а во тој период ја добија ќерката Стела. Актерот исто така им е и очув на Александар Бауер и Дакота Џонсон, децата на Грифит од претходни врски.

Бандерас особено близок однос има со Дакота Џонсон, а за поранешната сопруга со години зборува со голема почит. Во 2019 година изјави:

„Мелани веќе не е моја сопруга, но мислам дека ми е најдобра пријателка. Ја сакам и ќе ја сакам до крајот на животот. Таа е моето семејство.“

Сличен став има и Грифит, која претходно изјави дека со сите поранешни сопрузи одржува пријателски однос:

„Ги сакам со цело срце. Забавно е да гледаш сè што си собрал во текот на животот.“

Емоционално семејно дружење

Новото дружење доаѓа неколку месеци по свадбата на Стела со Алекс Грушински, одржана во октомври во Шпанија, родната земја на Бандерас.

„Свадбата на мојата ќерка Стела се претвори во трогателно семејно собирање – емотивно, весело и полно со смеа“, напиша тогаш актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonio Banderas (@antoniobanderas)

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....