11:47 - 15 јануари, 2026

И ЈАС ПОМИНУВАВ НИЗ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ: Прозборе сестрата на Бритни Спирс

Џејми Лин напиша дека доживеала „вистински пекол“ откако забременила на 16 години. Главната причина било нејзиното семејство кое ја принудувало да направи абортус и се обидувало да го сокрие целиот случај од очите на јавноста, тврди таа во својата книга „Things I Should Have Said“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lynn Spears (@jamielynnspears)

„Моите најблиски дојдоа во мојата соба и се обидоа да ме убедат дека породувањето на моја возраст би било страшна грешка… „Тоа ќе ти ја уништи кариерата. Премногу си млада. Не знаеш што правиш. Постојат апчиња што можеш да ги земеш и да го решиш овој проблем, ние ќе ти помогнеме. Знаеме лекар“, ми велеа. Сите околу мене само сакаа овој проблем да исчезне“, раскажа таа во својата јавна исповед.

Џејми откри и дека нејзиното семејство ѝ го одзело мобилниот телефон за да не може да контактира со никого и никој да не дознае дека е бремена. Тврди дека ѝ било забрането да  разговара и со нејзината постара сестра Бритни, пренесува „TMZ“.

„Ми требаше повеќе од кога било, а таа не можеше да ми помогне кога ми беше најпотребна… Тоа што не ми беше дозволено да ѝ кажам на сестра ми што ми се случува, ме боли и денес“, признава Џејми Лин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lynn Spears (@jamielynnspears)

Во својата книга наведува и дека нејзиниот татко бил особено вознемирен поради бебето и дека тој ја принудувал да го даде своето бебе на посвојување.

Сепак, нејзиниот тим на соработници ексклузивно ја продаде приказната на магазинот „OК!“ и им ги даде првите фотографии од бебето. Нејзината мајка била многу разочарана откако се случило ова и двајцата се криеле од очите на јавноста во една колиба во Конектикат додека не се смират работите.

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на Емина Јаховиќ, синовите ѝ приредија роденденско изненадување

Еспресо

Данијела Мартиновиќ по болното раскинување со Петар Грашо: „Мајка ѝ на Хана ја доживував како своја“

Еспресо

Откако се испокараа „за сите пари“: Ана Николиќ и Рале повторно се смирија, а композиторот конечно проговори

Еспресо

Дневен хороскоп за 15 јануари: Идеален ден за преземање иницијатива

apostolova

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova
Се вчитува....