11:48 - 8 ноември, 2026

Хоакин Феникс поттикна гласини за брак: Ја нарече Руни Мара своја сопруга

Холивудската ѕвезда Хоакин Феникс поттикна гласини за брак. Во епизодата од 29 септември од „Разговарај лесно со Сем Фрагосо“, актерот за првпат јавно ја нарече својата долгогодишна партнерка Руни Мара како негова „сопруга“.

49-годишниот Феникс во емисијата зборуваше како ги напишал стиховите за неговиот говор на Оскарите во 2020 година. Актерот призна дека инспирацијата за говорот му дошла додека „разговарал со мајка му и сопругата“. Хоакин истакна дека 39-годишната Руни му предложила подобри зборови: „Тоа треба да го кажеш!“ Меѓутоа, во разговор со Фрагосо, ѕвездата на Џокер не прецизираше дали тој и Мара се легално во брак.

Хоакин и Руни, кои се запознаа во 2012 година на снимањето на филмот „Her“, јавно почнаа да се забавуваат и да живеат заедно во 2017 година, а во 2019 година љубовниците се верија.

„Таа е единствената девојка за која сум слушнал на Интернет“, рече тој за Мара во тоа време. „Бевме само пријатели, пријатели преку е-пошта никогаш не барав девојка на Интернет“, призна актерот по свршувачката со Руни.

Во септември 2020 година, се дозна дека парот има син, кој го добил името Ривер – во чест на покојниот брат на Феникс. Во февруари 2024 година, се дозна дека Хоакин и Мара го очекуваат своето второ дете.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....