28.8 C
Скопје
12:21 - 9 септември, 2026

Харис Бурина немал лесен живот: „Кога ќе ја изгубиш мајка си, дури тогаш си сирак“

Веста за смртта на легендарниот актер го потресе регионот.

Актерот Харис Бурина (61) почина синоќа во Зеница на ургентното одделение на Кантоналната болница.

Според Klix.ba, на актерот претходно му бил дијагностициран рак.

Харис Бурина е роден на 2 февруари 1963 година во Зеница. Во 1982 година се запишува на Академијата за сценски уметности во Сараево, отсек актерска игра, како дел од втората генерација.

Животот не му бил воопшто лесен, прво починал татко му, а потоа се борел за животот на мајка си:

– Дури кога ја изгубив мајка ми, сфатив што мислат постарите со изреката: „Кога ќе ја изгубиш мајка си, дури тогаш си сирак“. И тоа е вистина. Секако, среќен сум што, повторно некако на тој народен начин, се тргна по ред, но морам да признаам дека родителот никогаш не е стар кога ќе си замине – изјави Харис.

– Направивме се за да ја застанеме на нозе, но судбината не сакаше да одиме понатаму. Среќен сум што се премина без многу маки со оглед на тоа што имав многу маки со татко ми. Улогата на мајка во животот на секој човек е огромна и многу сум среќен што покрај себе имав жена која ме научи на морал, на живот. Слободно можам да кажам дека сум актер, уметник или добар човек само затоа што нејзиното воспитување било такво – додаде тој во таа прилика.

Тој оствари низа улоги кои формираа богата актерска историја. Му беа доделени значајни театарски улоги, но најмногу го паметат по ликовите од сериите и филмовите. Можевме да го видиме во телевизиски формати како „Аудиција“, „Тетовиран театар“, „Татко на службен пат“, „Кудуз“, „Луд, збунет, нормален“…

Како што пишуваше босанските медиуми, неколку години живеел во Франција, го основал театарот „Ла Фенетре“ („Прозорец“), каде е создадена неговата драма „Птиците на Сараево“. Кога се вратил во Босна и Херцеговина, работеше во театар, телевизија и снимаше филмови.

Слични објави

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо
Се вчитува....