22:44 - 7 ноември, 2026

Гоца Божиновска проговори за проституцијата на естрадата: „Те прашуваат колку чиниш, одиш во соба два со два и тоа е тоа“

Пејачката Гоца Божиновска (60) проговори за најстариот занат на естрадата, откривајќи дека за време на настапи често се соочувала со непристојни понуди.

– Секогаш тоа беше присутно, ние колегите знаевме меѓусебно што се случува и кој се занимава со тоа. Понекогаш ќе одев на настап, ќе се појавеше газдата и ќе прашаше: „Колико да ти дадам, колку чиниш?“ – раскажува Гоца, додавајќи:

„Мислев дека зборува за настапот, а тој ќе ми одговореше: Не, не, колку чиниш после настапот?“. Марш, поради тоа сум изгубила толку настапи во животот. Што вредат тие валкани пари? Одите во соба два со два и тоа е тоа“, изјави пејачката.

Гоца исто така зборуваше и за својот живот со некогашниот боксер и контроверзен човек Зоран Шијан, со кого има две деца. Тие се запознале во 1989 година на одмор во Херцег Нови, а нивната љубов започнала „на прв поглед“. Иако Зоран ја запросил веднаш, Гоца никогаш не ставила бурма на раката, а живееле во вонбрачна заедница во вила во Сурчин.

Пејачката сподели и искуство од еден настап кога и се додворувал човек за кого подоцна слушнала дека е вмешан во убиството на Шијан.

– Пеев, а некој ми се доближуваше и ми велеше дека сум убава и дека сè ќе направи – рече Гоца.

Во интервјуата, таа открива дека секогаш ја привлекувале убавите мажи и дека во односот со Шијан никогаш не почувствувала дека е „лош“ во вистинската смисла на зборот.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....