19:35 - 6 ноември, 2026

(Фото) Зуица во опуштено издание со ќерка си Македонка во овој убав град

Ретки слики од моментите со својата ќерка Македонка објави фолк-пејачката и професорка по хармоника Зуица Лазова.

Зуица го искористи сончевото време и замина во Струга, родниот град на нејзиниот сопруг, фолк-пејачот Наум Петрески, и објави неколку слики како ужива на сонце покрај езеро со својата ќерка.

Фото/Инстаграм

Инаку, ќерката Македонка Петреска, дипломираше соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на Весна Ѓиновска-Илкова, Зуица испеа преработка на песната „Симпатија“ од хрватската група „Магазин“. Пред 30 години оваа песна беше регионален хит откако Данијела Мартиновиќ и „Магазин“ ја снимија со хрватска оперска пејачка Марија Бубиќ, а во 2024 година Зуица Лазова ја преработи со својата ќерка, која е млада оперска пејачка.

Зуица Лазова во ноември во 2024 промовираше пет песни и го прослави својот 50. роденден. Дел од проектот „5 за 50“ беше и песната со нејзината свекрва Анастасија Петреска, „Ќе ти купам свилен фустан бре Зуице“.

Синот на Наум и на Зуица, Стефан е ученик во средното музичко училиште,  на насоката за традиционална музика и игра.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.
Се вчитува....