20.8 C
Скопје
20:37 - 29 септември, 2026

(Фото) Ѕирнете во спалната соба на Анѓелка Прпиќ: Комбинација на старинско и модерно

Актерката Анѓелка Прпиќ неодамна стана тема број еден на социјалните мрежи кога откри детали од приватниот живот. Откако се разведе од поранешниот сопруг Дарио Прпиќ, Анѓелка се омажи за неговиот пријател, односно венчален кум, Марко Жугиќ, со кој сега живее во луксузен стан во Белград. Парот неодамна ја доби ќерката Чарна, а Анѓелка реши на јавноста да ѝ покаже дел од својот дом, вклучувајќи ја и спалната соба, која стана предмет на интерес на многумина.

Имено, спалната соба на Анѓелка и Марко воодушеви многумина со деталите и стилот на декорирање.

Посебно внимание привлекоа големиот гардеробер со прегради, полиците и огледалото, како и делот од собата кој е целосно направен од стакло спроти брачниот кревет.

принтскрин инстаграм

Во просторијата има и мебел во старински стил во кафена нијанса, додека ѕидовите се обоени во сива боја. Посебно интересни детали се чантите кои се закачени на вратата, како и поставените чинии и голема уметничка слика која наликува на колаж.

Потсетуваме, разводот со Дарио Прпиќ беше тежок период во животот на Анѓелка Прпиќ, особено затоа што како јавна личност таа се соочи со голем јавен интерес. Сепак, актерката истакнува дека од таа ситуација успеала да се извлече среќна и сигурна во своите одлуки. Иако скандалот ја потресе јавноста, Анѓелка истакнува дека не ѝ се нарушила ниту една секунда од животот, ниту пак се сомневала во некој нејзин став или одлука.

Слични објави

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.
Се вчитува....