09:32 - 9 ноември, 2026

(Фото+видео) Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ: Синот на пејачката славеше полнолетство, на забавата запеа и Цеца

Пејачката Вики Миљковиќ заедно со нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке синоќа одржаа гала прослава по повод полнолетството на нивниот син Андреј во елитен хотел во Белград.

Речиси целата естрада беше на прославата што ја организираа Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг за 18-тиот роденден на нејзиниот син, а забавата траеше до зори. Гламурозната декорација беше во бела и златна боја, исто како и повеќеслојната торта.

Кога пристигна славеничката торта со огномет, Вики Миљковиќ и нејзиниот син почнаа да скокаат и да танцуваат, а Андреј ги дувна свеќите пред гостите.

И ќерката на Ташкет од неговиот прв брак – Јелена – се појави јавно за првпат, и ги воодушеви сите присутни со својот изглед.

– Сега сите излеговме како семејство. Ќерката на Ташке, Јелена, е со нас, како и сестрата на Андреј – рече Вики.

Инаку, кумата Вики Миљковиќ, фолк дивата Цеца Ражнатовиќ пееше на прославата и создаде хаос. Цеца му ги отпеа „Белград“ и „Што ти тече во вените“ на славеникот Андреј.

Слични објави

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova
Се вчитува....