21:27 - 8 ноември, 2026

(Фото) Вака изгледа луксузниот стан на Сања Вучиќ вреден 270.000 евра

Пејачката Сања Вучиќ, поранешна членка на групата „Хурикејн“, на Инстаграм покажа како го уредила станот вреден 270.000 евра, а најголемо внимание привлече огромниот гардеробер што зафаќа цела просторија, пишува Story.hr.

Многумина истакнаа дека плакарот всушност е со големина колку нивниот стан.

Сања се снимаше додека седеше на подот, а зад неа јасно можеше да се види колекција од работи вредни неколку илјади евра.

Потоа го покажа изгледот на целата соба, во која доминираат беж тонови, вклучувајќи го и самиот мебел, а оваа соба е омилениот дел од станот на Сања.

Инаку, Сања претходно откри како поминало уредувањето на нејзиниот прв имот од 90 квадратни метри откако 11 години била потстанарка.

„Средувањето на станот траеше долго време и сè уште немам чувство како да е мој. Откако сум во Белград, сменив десет станови и повторно имам чувство дека сум го изнајмила и дека треба да платам киријата. Сега е полесно, сама сум и напорно работам на ова. Ова беше мојата најголема желба и многу ми значи, среќна сум, задоволна и горда на мојот тим“, истакна таа додека кратко коментираше за цената со насмевка.

-Ме „оштети“ поприлично, но вредеше“, искрено објасни пејачката за „Блиц“.

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....