-3.2 C
Скопје
00:52 - 9 февруари, 2023

(Фото) Убавици од А -листа: Како изгледаат девојките и сопругите на некои од најдобрите играчи на Светското првенство во Катар

Познатата изрека вели дека „фудбалерите најдобро си одговараат со манекенките“, и воопшто не е изненадување што најголем дел од фудбалските ѕвезди кои сега ги гледаме на Светското првенство во Катар, имаат девојки или сопруги кои се вистински убавици. И иако некои од нив не биле воопшто познати во минатото, туку славата ја стекнале преку своите партнери, денес се инфлуенсерки на социјалните мрежи кои привлекуваат внимание на милиони следбеници, рекламираат прозиводи за убавина и градат кариери на успешни претпиемачки.

Како изгледаат девојките и сопругите на некои од најдобрите играчи на Светското првенство во Катар? Ви ја носиме нашата А-листа.

Антонела Рокуцо

Лионел Меси има причина за среќа, не само што е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, туку е и момче многу вљубено со својата жена. Сопругата на Меси е Антонела Рокуцо, Аргентинка како него, родена 1988, во истиот град како него, Росарио. Таа практично отсекогаш била дел од животот на Лео Меси. Двајцата се запознале на 5-годишна возраст, благодарение на Лукас Скаља, најдобриот пријател на фудбалерот и братучед на Антонела. Нема многу деца кои на 10 години знаат да покажат каква ќе биде жената на нивниот живот, но Лео тоа го знаел. Меси и Антонела израснале заедно, многу пред да стане познат фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Отсекогаш се труделе да го сочуваат приватниот живот далеку од блицевите на фотографите, знаејќи добро да ја дозираат приватноста и јавните настапи. Свадбата дошла кончено во 2017 година. Церемонијата за 260 гости аргентинските медиуми ја нарекоа „венчавка на сиромашните“. Донациите собрани за време на свадбата од невладината организација „Техо Аргентина“ изнесувале само 11.000 долари, односно по нешто повеќе од 42 евра по лице. Малку, со оглед на тоа што присуствувале ѕвезди од светот на фудбалот, модата и музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Антонела неколку пати е дефинирана како „малечката“: висока е само метар и 57 сантиметри, но земајќи предвид дека нејзиниот сопруг не надминува метро и 70 см, би можеле да се дефинираат како совршена двојка. Додека Антонела е една од најследените жени на социјалните мрежи, тој нема ниту Фејсбук ниту Твитер. Таа се занимава со инфлуенсерство во слободно време, но нејзината заработувачка е непозната. Имаат три деца Тиаго, Матео и Чиро, куќа на 20 километри од Барселона и куќа во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

 Алисиа Ејлис

Девојката на француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе, Алисиа Ејлис ја освои титулата најубава девојка на Франција во 2017 година. Една година подоцна беше забележана како навива за него од трибините. Се зборува дека се заедно од мај, 2018. Алисие е родена во 1998 година на Карибите, но по разводот на родителите, од двегодишна возраст со мајка си живее во Француска Гвајана. Студирала право, во 2016 била прогласена за Мис Гвајана, а една година подоцна се приклучи на францускиот натпревар за убавина во Монпеје кадешто ја освои титулата и се прослави како прва дама што беше Мис на Франција а која доаѓа од Француска Гвајана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

Денес таа е реализирана манекенка – висока 1,77 см и препознатлива по впечатливата коса и длабоко зелените очи. Се проценува дека „тежи“ околу 33 милиони долари, заработувачка која ја стекнала во кариерата на модел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaaylies)

Мишел Лакроа

Мишел Лакроа е сопруга на главната белгиска ѕвезда од Манчестер Сити, Кевин де Брујн. Русокосата убавица, која по потекло е од Генк, студирала на Универзитетот во Хаселт во Белгија. Според гласините, почнала да излегува со белгискиот репрезентативец Де Брујн во 2014 година, кога тој играше за Волфсбург во Бундеслигата. Фудбалерот ја покажа својата романтична страна во декември 2016 година која за запроси убавицата по Ајфеловата кула во Париз. Истата година го добија синот Мејсон Милијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michèle De Bruyne (@lacroixmichele)

Во 2017 се венчаа во Италија со раскошна свадбена церемонија. Година подоцна се роди нивното второ момче Роум, а во 2020 пристигна и третот син, Сури. И Мишел како повеќето девојки на фудбалери се занимава со моделство и инфлуенсерство на социјалните мрежи рекламирајќи различни производи за убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michèle De Bruyne (@lacroixmichele)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michèle De Bruyne (@lacroixmichele)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michèle De Bruyne (@lacroixmichele)

Марија Мазали

Марија Мазали е девојка на бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. 24 -годишната бразилска манекенска се занимава со модно блогерство. Со фудбалерот се запознале во 2019 година, и всушност оттогаш станува позната, малку се знае за нејзиното минато, освен што била дел од телевизиско шоу. Денес таа се бави и со глума и со водителство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Júlia Mazalli (@majumazalli)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Júlia Mazalli (@majumazalli)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Júlia Mazalli (@majumazalli)

 

Слични објави

(Фото) Нашата Тијана Петреска се враќа со титула од светскиот избор за најубава студентка

Еспресо

(Фото) Мадона во нејзин стил се пресмета со зајадливите коментари – „Поклонете се кучки“

Еспресо

(Фото) Тажното писмо на Бланко со кое се извинува за скандалот на Сан Ремо: „Ве оставив во солзи како мајка ми, ме видовте кревок како дете…“

Еспресо

(Видео) Полуден пејач направи ‘ршум на Сан Ремо, ја шокираше публиката, го испратија со свирежи

Еспресо

Ѕвезите ќе им помогнат: Два хороскопски знаци многу брзо ќе ги исполнат соништата

Еспресо

Славчо Попоски: Грч студени утра, висок воздушен притисок, а еве кога ќе има мал пораст на температурите

Еспресо
Се вчитува....