09:55 - 9 ноември, 2026

(Фото) Шерон Стоун во неверојатно секси издание, признава: „Ми требаа седум години да се опоравам!“

65-годишната Шерон Стоун на социјалните мрежи ја сподели насловната страница на најновото издание на британското списание Puss Puss (одлична публикација за луѓе кои сакаат мачки).

Ѕвездата на „Основен инстинкт“ се појави пред фотообјективот во моден изглед кој за неа го одбра стилистката Парис Либив. Актерката позираше во тесна тексас кошула со длабоко деколте и гаќички облечени преку мрежести хулахопки. Фотограф е Бранислав Симончиќ.

Следбениците на ѕвездата на социјалните мрежи се согласуваат дека таа изгледа неверојатно добро, па следуваа низа позитивни коментари за „жената – мачка“.

Шерон неодамна даде интервју за Пипл во кое објасни што ѝ помага да остане во добра форма и да спречи повторување на мозочниот удар. Според ѕвездата, порано помалку зборувала за своето искуство, но сега сè се променило.

„Долго време се преправав дека се е во ред со мене. Ми требаат осум часа непрекинат сон за да делува лекот и да немам напади”, призна Стоун. Според ѕвездата, таа сега има потешкотии со глумата, па ретко ја канат на снимање.

Актерката вели дека за прв пат по мозочниот удар пелтечела, имала проблеми со гледањето и често имала пропусти во меморијата. И биле потребни седум долги години да се опорави

Слични објави

(Фото+видео) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....