9.8 C
Скопје
15:17 - 31 март, 2026

(Фото) Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски: Марија во елегантна венчаница го кажа судбинското „да“

Вчеравечер се случи свадбата на ќерката на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски. Марија го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот партнер, а сега сопруг, Дамјан.

Младите синоќа прославиле во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, додека како што пишува Курир на прославата ѝ претходела традиционална забава и земање на невестата од дома.

принтскрин

Убавата Марија носеше нежна, елегантна венчаница без дополнителни украсувања, а на косата – дискретна шнола која го заокружи природниот изглед и дискретната шминка.

Младоженците првиот танц го одиграа на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.

принтскрин

Потсетуваме, Бранко Црвенковски со поранешната дама на Македонија, Јасна, го има и синот Љупчо кој неодамна го направи Бранко горд дедо.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....