8.8 C
Скопје
21:25 - 30 март, 2026

(Фото) Сања од „Брза кујна“ со нов имиџ, летна од Македонија

Сања Савеска е една од нашите омилени Тв водителки, домаќинка на популарното шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител. Сања е често присутна во медиумите, а за за неа се знае дека е во долга врска со Томи, кој е неврохирург.

„Сакам да готвам, јас всушност сакам да поминувам време дома и да бидам со најблиските. Овие неколку години откако сум во „Брза кујна“, сакам да ги пробувам рецептите на шефовите, и нормално не ми излегуваат така вкусни како што тие ги подготвуваат. Треба уште да “крадам” од нивните вештини. Но, знам да подготвам убави традиционални јадења , знам и кифлички да месам, и тоа меки и убави како душа“, изјави Сања претходно за „Слободен печат“.

Сања со партнерот Томи и нивното милениче Маша/ Фото: Приватна архива

За својот сакан, таа во истото интервју рече:

„Ние сме долго време заедно и јавноста знае онолку, колку ние сметаме дека е потребно, а што помалку се знае, толку е подобро. Живееме мирен живот, посветен на нашите планови“.

Сања веќе беше на еден одмор во Египет, од каде што често објавуваше егзотични фотографии, но без партнерот. А сега, убавата водителка пак „летна од Македонија“.

Таа објави видео од скопскиот аеродром со песната од Каролина Гочева, „Ајде да летаме“ и со знак дека некаде ќе патува. Водителката не откри каде ќе оди овојпат, и најверојатно во следните приказни и објави на социалните мрежи тоа ќе го направи.

Она што е интересно е дека Сања е во спортска облека, без шминка, во издание во какво што многу ретко ја гледаме, кое одлично ѝ пеилега исто како и елегантните ТВ изданија.

Сања Савеска утрово на скопскиот аеродром (Фото: Инстаграм принтксрин)

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....