14:16 - 7 ноември, 2026

(Фото) Салма Хајек со изгледот во бикини им пркоси на годините: „Се чувствувам обновена“

Салма Хајек со следбениците на Инстаграм сподели фотографии од одморот, а на кадрите каде позира без шминка и во дводелен костим за капење повторно изненади со изглед кој ѝ пркоси на нејзините години.

Мексиканско-американската актерка објави неколку фотографии на кои позира покрај океанот во жолто бикини, а на обожавателите им признава дека поради водата се чувствува „обновена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

„Секогаш кога сакам да се чувствувам обновена, скокам во океанот“, напиша таа на објавата.

Нејзиниот неверојатен изглед на 56 години продолжува да ја воодушевува јавноста, поради што доби голем број комплименти, а американската продуцентка Хедер Пари заклучи дека ова издание на глумицата е достојно за насловната страница на магазинот Sports Illustrated.

Хајек претходно ја откри тајната состојка одговорна за нејзиниот младешки изглед во шестата деценија.

„Користам екстракт од кора од стеблото од мимоза тенуифлора, која во Мексико се користи за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата“ – изјави таа за списанието „Ел“.

Холивудската актерка вели дека истражувачите во САД биле изненадени од неверојатните позитивни резултати на оваа билка.

Салма Хаек ја откри билката која ја користи за младешки изглед: „Заменува ботокс и филери“

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....