11:26 - 19 ноември, 2026

(Фото) Романтична веридба на братот на Новак Ѓоковиќ: Клекна пред неа и го извади прстенот, следуваше забава на Калемегдан

Романтичната свршувачка на најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ се случила на Калемегдан, местото каде, како што откри Сашка, започнала нивната љубов.

фото инстаграм

Ѓорѓе Ѓоковиќ клекна пред неа и го извади прстенот, а инфлуенсерката рече „да“, пишуваат српските портали. Тие продолжија да ја слават свршувачката во блискиот ресторан со своите најблиски пријатели, а Сашка нивните среќни моменти ги сподели на Инстаграм.

Вљубениот пар не можеше да се одвои еден од друг, Сашка цело време го гушкаше Ѓорѓе, а прекрасниот момент од прославата го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

За оваа прилика вљубените добија торта во форма на срце со два прстени на неа, како и знак во форма на шепа.

Парот неодамна откри дека заеднички живот почнале веќе од првиот ден на врската, а од изнајмениот стан сега се преселиле во нивниот нов дом, пренесуваат српските портали.

фото инстаграм

 

Слични објави

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо
Се вчитува....