02:10 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ребека сподели ретка приказна за сестра ѝ Хелена: „Недостигате!“

Пејачката и хуманитарка Ребека Јанковска Ристески сподели емотивна приказна за својата сестра, поранешната ТВ-водителка Хелена Роза, која веќе повеќе од една деценија живее во Нов Зеланд.

Ребека на социјалните мрежи објави фотографија стара 11 години, направена токму во периодот кога Хелена со семејството се преселила на другата страна од светот. На фотографијата Хелена и нејзиниот сопруг Игор се прегрнати на плажа, а објавата ја придружуваше со носталгична порака:

„Пред 11 години заминавте на една од најдалечните точки на земјава. Вашиот нов дом. Ве гушкам .Недостигате“, напиша Ребека.

Фото: Скриншот

Во споделената слика од 2015 година стои и кусата, но емотивна порака: „Ве сакаме! Среќно во Нов Зеланд“.

Инаку, Хелена Роза пред повеќе од десет години ја напушти Македонија и се пресели во Нов Зеланд, каде изгради нов живот со семејството. Некогаш една од најпрепознатливите ТВ-лица и естрадни имиња кај нас, Хелена денес живее во Окленд, а во изминатиот период беше активна и во локалната заедница, па дури и се кандидираше на локални избори во Нов Зеланд.

Хелена е мајка на ќерката Кијара од првиот брак и на синот Тиан од сопругот Игор, а често на социјалните мрежи споделува моменти од семејниот живот, покажувајќи дека успешно се вклопила во новата средина, иако врската со Македонија никогаш не ја прекинала.

Минатата година, Хелена Роза објави детали за големата битка која ја водеше во Нов Зеланд и за трнливиот пат кој го поминала изминатиов период.

Роза се кандидираше за градоначалничка на општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд. Таа е членка на десничарската конзервативно-либерална парија АКТ, чиј лидер е вицепремиерот на Нов Зеланд, Дејвид Сејмур.

„Пешачев над 80 км, тропнав на околу 3.400 врати и имав разговори лице в лице со повеќе од 6.000 луѓе. Секој чекор, секоја насмевка, секоја приказна, сè ми значеше сè“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....