21:49 - 7 ноември, 2026

(Фото) Пријовиќ по породувањето реши да се врати на работа: По подолга пауза повторно е во студио

Пејачката Александра Пријовиќ пред три месеци го роди своето второ дете – ќерка, на која таа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ѝ го дадоа името Арија.

До бременоста, Прија интензивно работеше и ги полнеше концертните сали, но откако дозна дека е бремена по вторпат, се повлече од јавната сцена. Сепак, само три месеци по породувањето, Александра одлучи постепено да им се врати на професионалните обврски.

Таа на Инстаграм објави фотографија од музичко студио, со што покажа дека одморот не траел долго и дека почувствувала потреба повторно да се посвети на својата работа.

Пејачката позираше во сосема едноставно издание, а бројни фанови коментираа дека зрачи и изгледа прекрасно.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....