10:36 - 7 ноември, 2026

(Фото) Им „цвета“ љубовта: Нова приказна на Анета Љумаковска и Рубин

Љубовта на пејачката Анета Љумаковска и на нејзиниот сакан Рубин Размо „цвета“, а пејачката и нејзиниот колега не се одвојуваат еден од друг и често споделуваат убави заеднички моменти.

На новото видео што го споделија на Инстаграм, Анета пее, а Рубин прво вљубено ја гледа, а потоа со насмевка позира додека таа настапува.

Пејачката пред неколку месеци изјави дека за првпат во животот е вистински вљубена.

Фото / Инстаграм

Претходно, тие беа заедно во Рим и се фотографираа покрај познатиот Колосеум, а покрај фотографијата, емотиконите со срце и начинот на кој се снимени откри дека се во голема љубов.

Рубин е инаку поранешен член на групата „Молика“ и свири саксофон, а сега настапува со својата сакана.

– Што се однесува до тоа дали сум повторно вљубена и дали имам некој во мојот живот, еве сега решив да се изјаснам и јавно да им ставам крај на шпекулациите – да, вљубена сум, но не повторно, туку за првпат во мојот живот – изјави Анета за „Гламур магазин“.

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....